Вицепремиерот Владимир Пешевски смета дека порастот на БДП во првите шест месеци годинава е над проектираното. За порастот во втората половина од годинава е умерен оптимист.
– Најновите статистички податоци укажуваат на поволни трендови во македонската економија. Порастот од 2,9 во првиот и 3,9 проценти во вториот квартал од годинава се над тоа што го проектиравме. Тоа ја прави Македонија една од најдобрите и најбрзорастечки економии во Европа. Сепак, треба да бидеме внимателни поради сè уште недобро закрепнатата европска економија – изјави Пешевски.
Тој посочи дека во втората половина од годинава очекува значително подобри резултати во делот на привлекувањето странски инвестиции.
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, домашниот бруто-производ во вториот квартал од годинава бележи пораст од 3,9 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


