| четврток, 6 декември 2018 |

САД се откажаа од бази во Романија и во Бугарија

sad vojskaПентагон решил да се откаже од плановите за изградба на две нови воени бази – една во Романија и една во Бугарија. Бројот на американски војници во Европа се намалува, моментно изнесува околу 32.000, а до 2017 година ќе се намали за уште 2.000. Сето ова е поради строгите буџетски мерки во САД, кои влегоа во сила од оваа пролет.
Минатата недела САД затворија две бази во Германија со богата историја и значење за Американците – во Хајделберг и Манхајм, а планираат да затворат уште две во оваа земја.
Американците ќе останат со седум главни воени бази во Европа: пет во Германија, една во Италија и една во Белгија.
– Тоа не значи дека Европа не претставува важен објект за нас. Таа е иделана платформа за пристап до различни делови од светот, изјави главниот командант на војската на САД во Европа, генерал Доналд Кембел.
Според него, 32.000 американски војници во Европа се доволно за да ја осигурат моќта на НАТО во регионот, да придонесат за безбедноста на Европа и да дадат поддршка во некои конфликти, доколку биде потребно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top