Британскиот премиер Дејвид Камерон призна дека бил изнервиран од односот на претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо кој си дозволил да и „дели лекции“ на неговата партија.
– Ме изнервира тоа со Баросо, затоа што искрено неговата работа е да им служи на членките на ЕУ, а британските конзервативци во Европскиот парламент се важна партија. Тие се владејачка партија во Обединетото кралство и тој би требало да го цени нивното мислење наместо да се обидува да им дели лекции, изјавил Камерон по новинарско прашање во кое било побарано од британскиот премер да ги искоментира критиките на Баросо. Претседателот на Европскиот парламент, претходно, ги критикувал конзервативците дека на претстојните избори ќе атакуваат на гласовите на евроскептиците со што ризикувале враќање на “поделбите, војните и рововите во Европа“.
Напнатоста меѓу Баросо и Камерон пораснаа откако британскиот премиер вети референдум за членството на ЕУ во Унијата. Многу конзервативци порачаа дека членството на Британија во ЕУ не е „здраво за готово“ и дека тоа ќе зависи од преговорите за постоечките услови за членство вклучувајќи и враќање на одредени надлежности од Брисел во Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.