| четврток, 6 декември 2018 |

Договорот за сириското оружје ја намали цената на нафтата

NAFTA

Суровата нафта утрово забележала намалување поради американско- рускиот договор за сириското хемиско оружје со што е избегнат потенцијален воен напад на Западот врз режимот на претседателот Башар ал Асад.

Цената на нафтата за терминска испорака во октомри во електронското тргување на Берзата во Њујорк се намали за 86 центи на 107,35 долари за еден барел, додека истата количини на главната енергетска суровина на пазарот во Лондон вредела 110,75 долари или 95 центи помалку одошто на самиот крај на минатонеделното тргување.

Американскиот државен секретар, Џон Кери, и и неговиот руски колега, Сергеј Лавров, по тридневни разговори во Женева, го постигнаа „рамковниот договор“ за ставање на арсеналот на хемиско оружје на Сирија под меѓународен надзор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top