| четврток, 6 декември 2018 |

Шефот на НСА има канцеларија како во „Ѕвездени патеки“ (фото)

nsa2

Првиот човек на американската шпионска агенција НСА, Кејт Александер е „каубој“, ексцентрик и вљубеник во „Ѕвездените патеки“, пишува магазинот „Форин полиси“.

nsa1

Александер бил толкав обожавател на научно-фантастичната серија, што неговата канцеларија ја уредил по примерот на контролната соба во „Ентерпрајс“.

nsa3

–       Првичната цел на овој центар е да се обезбеди 24-часовно следење на информации низ целиот свет, кои потоа би ги користеле американската војска и федералната агенција – пишува магазинот.

nsa4

Футуристичката просторија ги има командното столче на капетанот Жан Лук Пикард и контролната плоча, која дава впечаток дека станува збор за вселенски брод.

nsa5

Фотографиите што ги објави Форин Полиси се едни од ретките што некогаш излегле од оваа агенција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top