| четврток, 6 декември 2018 |

Нови детали за смртта на Дајана: Возачот на принцезата бил заслепен со светло од друг автомобил

princeza-dajana-udes-poginula-1379287102-366875

Поранешниот војник на елитната специјална британска единица САС тврди дека принцезата Дајана била убиена откако еден од членовите на единицата со фарови на автомобил намерно го заслепил нејзиниот возач за да предизвика несреќаm пишуваат британските медиуми.

Човекот познат како „војник Н“ наводно,  за време на часовите за напредно возење што му ги давал на принцот Вилијам во 2008 година, на својата сопруга и ја признал шокантната вистина за смртта на Дајана во 1997 година.

–          Разговаравме за часовите за возење кои мојот сопруг му ги даваше на принцот и тогаш во еден момент реков дека е тажно што неговата мајка не е тука да го види. Тогаш маж ми ми призна дека еден од неговите колеги од САС е одговорен за „несреќната“ смрт на принцезата, рекла сопругата на „војникот Н“.

Според неговите зборови кои таа и ги пренела на полицијата, се морало да се случи во тунел затоа што многумина ја следеле сопругата на принцот Чарлс. Да се предизвика несреќа било проблем, но еден од сасовците сепак успеал да го заслепи возачот.

По смртта на Дајана, многу британски медиуми објавија писмо кое таа го испратила до нејзиниот батлер десет дена пред трагедијата, во кое пишува дека нејзиниот сопруг принцот Чарлс се обидува да ја убие. Многу тврделе дека за нејзиното убиство е одговорно МИ5, но ништо од сето ова не е докажано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top