| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезнаа мавровските работници?

presuda

Жртвите во злосторничкиот случај „Мавровски работници“, кој беше запрен со амнестија на сите 23 обвинети, уште немаат добиено решенија за запирање на постапката, пишува „Вест“.

Според Кривичниот суд Скопје, проблемот бил во доставата, односно, службата за достава до сега не успеала да ги најде оштетените на нивните адреси.

Решенијата не ги добиле ниту сите обвинети бидејќи и тие биле недостапни.

Судот на 6 септември 2011 година донесе одлука да се запре постапката по барање на обвинителството, кое се повика на автентичното толкување на членот 1 од Законот за амнестија, со кој се ослободуваат од казна осомничените за дела поврзани со конфликтот во 2001 година, освен за воени злосторства против цивили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top