Кошаркарската репрезентација на Србија со победа на Франција од 77-65 ги продолжува натпреварите во четврфиналето од првото место во Е групата.
Во текот на целиот натпревар Србија го контролираше резултатот за на крајот да стигнат и до убедлив триумф. Во првиот дел французите не можеа да најдат решение во одбранта над Ненад Крстиќ кој постигна 12 поени. Во вториот дел се разиграа и Недовиќ и Гагиќ кој со неколку офанзивни скока успеа да го држи резултатот под контрола. Србија беше ослабена со неиграњето на првиот плејмејкер Марковиќ кој се повреди во второто коло од Е групата. Ова е прва победа на „Орлите“ над “Триколорите“ по 14 години.
Најефикасен на мечот беше Крстиќ со 19 поени, а по него следуваат Недовиќ со 17 и Богдановиќ со 14 поени.
Во Францускиот состав дури четворица играчи постигнаа по 14 поени. Дијао, Ажинка, Де Коло и Батум.
По разврската во оваа група Србија е на првото место пред Литванија, Франција и Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



