
Хорхе Лоренцо, актуелниот шампион во МОТО ГП шампионатот беше најбрз во трката за Големата награда на Сан Марино.
Зад него беше водечкиот во генералниот пласман Марк Маркес, а трет на целната линија стигна неговиот тимски колега од Репсол Хонда, Дани Педроса.
Хорхе Лоренцо беше во водство во текот на целата трка и во ниту еден момент не беше загрозен од конкурентите. Со оваа победа ја намали предноста пред лидерот Маркес во генералниот пласман и на пет трки пред крај го направи интересно првенството во мото ГП шампионатот.
Во генералниот пласман, Маркес е прв со 253 бода, додека второто место го делат Лоренцо и Педроса со по 219 бодови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


