| четврток, 6 декември 2018 |

Субрата Рој ќе гради Индиски центар во Лондон и ќе го купува ФК Ливерпул

subrata-roy-slajder

Како штo пишува весникот „Дневник“, Субрата Рој најавил дека ќе гради Индиски центар во Британија, за што обезбедил четири ари земјиште од Универзитетот на источен Лондон, кој пред неколку месеци го прогласил Рој за почесен доктор по бизнис.
Весникот пишува дека британскиот премиер Kамерон истакнал оти е задоволен што овој центар ќе биде единствениот во светот направен како резултат на соработка меѓу корпорација и универзитет.
Според „Дневник“, индискиот милијардер во 2010 година го купил хотелот „Гросвенор хаус“, а една година подоцна и хотелот „Плаза“ во Њујорк, кои се двата најголеми прекуморски договори на Рој.
Рој во 2011 година платил 100 милиони долари за 42,5 отсто од сопственоста на Ф-тимот на тајкунот Вијај Малја, „Форс Индија“, а една година претходно, платил 370 милиони долари за франшиза за индискиот премиерлигаш во крикет, Пуне, пишува весникот.
Рој наводно размислувал да го купи англискиот прволигашки фудбалски клуб Ливерпул и долгот на филмското студио „Метро-Голдвин-Мајер“, но тие две зделки не се реализирале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top