На пејачката Сузана Спасовска и е забранет влез во Грција, таа не може да ја користи земјата ниту за транзит. Имено, на 6 септември 2013 година, тргнала за Турција преку Грција, но била вратена од граничниот премин Евзони.
„Со голема доза на зачуденост од постапката и на прашањето зошто не можам транзитно да поминам, грчките граничари одговорија дека има некаков проблем со компјутерскиот систем, кој не дозволува да ме регистрира како лице кое може слободно да се движи низ нивната територија. Во меѓувреме испечатија формулар на грчко-српски јазик кој ми го подметнаа да го потпишам, чин што јас одбив да го сторам со барање за објаснување од нивна страна. Наместо тоа добив условување дека доколку не го потпишам формуларот, нема да ја добијам назад мојата патна исправа, ниту ќе ми се дозволи враќање назад кон македонскиот граничен терминал. Веројатно, следниот чекор беше мое приведување. Документот ме регистрира во грчкиот национален регистар како личност која е непожелна за влез во Грција со необјасниви причини. И покрај моето инсистирање да добијам објаснување за нивната постапка, наместо тоа дрско и со висок тон од страна на грчките граничари бев условувана по секоја цена да го потпишам документот, што на крајот морав да го сторам“, вели Спасовска во писмото до медиумите.
Иако не добила објаснување зошто не може да влезе во земјата, Спасовска претпоставува дека проблематични се нејзините настапи во Егејскиот дел на Македонија.
„На 15 јули 2013 година, бев поканета од Македонците во воденскиот крај да настапам на Првиот семакедонски собир со мој репертоар на нивната манифестација, која од се срце ја прифатив, а на која учествуваа и повеќе културно-уметнички друштва кои го негуваат македонскиот фолклор. Пред настапот организаторот беше предупреден од грчки групи дека би било подобро да се откаже мојот настап со македонски песни. И покрај ова условување музичката програма започна, но дојде до прекин на снабдувањето со електрична енергија со цел концертот да не продолжи. На инсистирање на бројната македонска публика концертот сепак продолжи и заврши без никакви понатамошни проблеми. Досега неколкупати настапував пред македонската публика во Егејска Македонија, но ова беше првпат да наидам на ваков однос, што кај мене предизвика несигурност“, пишува Спасовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција