| четврток, 6 декември 2018 |

Словенија во четвртфиналето, Грција најверојатно дома

Slovenia's Nachbar dunks the ball next to Greece's Fotsis during their FIBA EuroBasket 2009 game for third place in Katowice

Домаќинот на европското првенство во кошарка Словенија во последниот натпревар од второто коло од групата Ф ја победи селекцијата на Грција со 73-65 и така се пласираше во четвртфиналето. Клучната предност на во мечот Словенија ја направи во првата четвртина 26-13. Во продолжението „Змајчеки“ ја одржуваа разликата која во финишот на мечот достигна и 20 поени. Во последните моменти Грција проба да ја анулира предноста, но не успеа. Еден од најголемите фаворити за освојување на првото место Грција со ваква игра не заслужува да се пласира во четвртфиналето кое е се подалеку бидејќи во последното коло освен што треба да ја победи разиграната репрезентација на Хрватска, туку актуелниот европски шампион Шпанија кој влегува во форма треба да изгуби од Италија.

Најефикасен кај домаќините беше Горан Драгиќ со 28 поени, додека кај грците се истакна Василис Спанулис со 21 поен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top