| четврток, 6 декември 2018 |

Битола: Отворен фестивалот „Браќа Манаки“ ( фотогалерија )

Festival Manaki 2013  _003Со премиера на македонскиот игран филм „Соба со пијано“ на режисерот Игор Иванов-Изи вечерва во Битола е отворен 34. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, на кој до 20 септември ќе бидат прикажни 74 филмови.

Фестивалот, годинава со мото „Пушти ја светлината“, за отворен го прогласи претседателот Ѓорге Иванов, кој е и негов покровител. На свеченото отворање наградата „Златна камера 300“ за животно дело ја понесе шпанскиот кинематографер Хосе Луис Алкаин, познат по соработката со режисерот Педро Алмодовар.

Претседателот на македонската асоцијација на филмски професионалци Горјан Тозија ја додели нововоспоставената награда за животно дело на режисерот Кирил Ценевски, истакнувајќи дека со ова се исправа една децениска неправда нанесена на авторот на култниот македонски филм „Црно семе“.

Фото:Александар Ивановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top