| четврток, 6 декември 2018 |

Без победник во дербито на Италија (видео)

juventus

Во фудбалското првенство на Италија се одигра големото дерби меѓу екипите на Интер и Јувентус. Конечниот резултат 1-1 беше поставен во само две минути. Поведе екипата на Интер преку младиот напаѓач Икарди кој во манир на расен стрелец ја погоди мрежата на гостинскиот голман Буфон. Јувентус во првиот обид по примениот гол израмни преку Артуро Видал.

Целиот натпревар беше одигран со високо темпо, многу возбудувања и борбеност но со малку шанси за гол. Во текот на првото полувреме екипата на Јувентус ги покриваше сите приоди кој сопствениот гол и успеваше да ја наметне играта на средината на теренот. Во вториот дел младиот состав на тренерот Мацари се ослободи од притисокот и успеа прв да поведе. Сепак на крајот од мечот поблиску до победата беше гостинската екипа од Торино, но не успеа да направи целосен пресврт. Се чини дека со овој резултат се задоволни во двата табора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top