| четврток, 6 декември 2018 |

Невнимание: Дете прегазено од пожарникари

Пожар_СкопјеПротивпожарното возило кое што се упатило кон тетовското село Чифлик за да интервенира во гасење на пожар, прегазило дете. Десетгодишното момче при ударот се здобило со тешки повреди. Детето било прегазено по завршувањето на интервенцијата, кога противпожарното возило вртело покрај дрвен електричен столб, а со задниот дел го повредило. Тоа веднаш било префрлено во Тетовската клиничка болница, но оттаму поради сериозноста на повредите било упатено на Скопските клиники, потврдува МВР. Во пожарот што избувнал околу пладне во приватен објект во Чифлик изгореле стотина бали сено, по што пожарот бил локализиран и изгаснат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top