| четврток, 6 декември 2018 |

Турското евроинтегрирање е за во Гинис

tuska-euТурскиот министер за ЕУ, Егемен Багаш смета дека процесот на преговори за членство на Турција во Унијата треба да влезе во Книгата на рекорди на Гинис. Пречките поставувани пред Турција за членство во ЕУ не биле дел од процеси на преговори за ниту една друга држава.
– Турција долго чека да стане членка на Европската унија и ниту една друга држава немала толку долг процес на преговори, нагласи Багаш.
Во држават се извршени реформи според препораки од предпристапен договор и вели дека државата ќе продолжи со реализација на реформи.
Багаш наведе дека државата е 16-та економија во светот и шеста во Европа. Преговорите за членство на Турција во ЕУ почнаа во октомври 2005 година и досега е затворено само едно поглавје од вкупно 35, јавуваат турски медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top