Од извршеното испитување за мислењето на публиката за различни програми на домашните телевизиски и радио канали кое е спроведено во Април годинава се гледа дека о,7 % од населението воопшто нема ТВ приемник.
Најголем дел од граѓаните телевизија гледаат преку кабелски оператори, втор најкористен начин за следење на ТВ програма е ИПТВ платформата на Макс ТВ на Т – Хоме а на трето место е Boom TV.
Еве ги одговорите на прашањето „НА КАКОВ ПРИКЛУЧОК Е ПОВРЗАН ГЛАВНИОТ ТЕЛЕВИЗИСКИ ПРИЕМНИК (ОНОЈ НА КОЈ НАЈЧЕСТО СЕ ГЛЕДА ТЕЛЕВИЗИЈА) ВО ВАШЕТО ДОМАЌИНСТВО?
Немам ТВ приемник 0,7%
Total TV (сателитски оператор) 1,5%
Индивидуален сателитски приклучок 2,6%
Терестријален (класична антена) 7,4%
Дигитален (Boom TV) 11,5%
ИПТВ (Max TV) 17,7%
Кабелски 58,3 %
Анкетата била спроведена на територијата на Република Македонија, на репрезентативен случаен примерок од 1070 испитаници од популација на возраст од 18 и повеќе години во 8 географски региони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.