Украина ја изненади Србија и по победата од 82-75 остана во игра за пласман во четвртфиналето, што би бил најголем успех на оваа репрезентација на Европските првенства во кошарка. Претходно Литванија ја декласира Белгија со 86-67 и ја исфрли од игра за пласман меѓу најдобрите 8 селекции во Словенија.
Предводени од Мајк Фратело, извонредниот стратег со НБА педигре, Украинците направија подвиг и ја забележаа првата победа во втората фаза, а сега имаат 4 бода, сметајќи го и успехот против Белгија во првиот круг. Натурализираниот кошаркар до САД, Џетер со 20 поени беше движечката сила за победа на Украина, а поен повеќе од него постигна извонредниот Корнијенко.
Најефикасен на натпреварот беше Немања Бјелица од поразениот состав со 22 поени, Ненад Крстиќ даде 17, а Богдан Богдановиќ забечежа 15. Србија има 6 бода и ако вечерва Летонија загуби од Франција ќе биде сигурен патник за четвртфиналето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Две жени се истепаа за евтино пилешко, маж купи 500 кила шекер (видео)