| четврток, 6 декември 2018 |

Фармацевтска мафија: Дали луѓето во бели мантили навистина се најсилни во светот?!

Фармацевтската мафија, според мислењето на многу стручњаци е најсилна мафија на светот, а според количината на парите што „ги врти“ далеку е пред мафијата која работи со наркотици, оружје…Мнозинството смета дека знаат за што се работи, а малкумина се оние кои правилно можат да објаснат како функционира и во двоцифрени бројки може да се избројат оние кои навистина имале работа со фармацевтската мафија. Ос малкуте податоци што се познати, главно откриени во последните десеттина години со сигурност може да се потврди дека :функционира глобално и сите се вмешани: лекари, фармацевти, политичари…

Според листата на „Форбс“ за 2013 година најголеми фармацевтски компании во светот се: Pfajzer (Pfizer, SAD), Novartis (Novartis, Švajcarska), Sanofi (Sanofi, Francuska), Merk (Merck&Co, SAD), Roše (Roche Holding, Švajcarska), GlaksoSmitKlajn (GlaxoSmithKline, V.B.), Abot (Abbott Laboratories, SAD), Astra Zeneka (AstraZeneca, VB), Amgen (Amgen, SAD), Eli Lili (Eli Lilly & Co, V.B.).

Некои од овие имиња ги гледате на кутиите со лекови кои ги пиете, додека некои можеби сте ги слушнале од домашните или странските медиуми. Меѓу последните примери е работата на компанијата Sanofi чија работа во Кина пред еден месец стана предмет на истрага. Имено, тамошните медиуми објавија информации дека компанијата во 2007 година подмитила стотина лекари во Кина.

Државниот весник „21 век бизнис хералд“ пишува дека  францукста компанија подмитила 503 лекари со 274.000 долари за да ги препишуваат лековите на Sanofi, под превез на т.н. вложување во истражувачки програми во таа земја.

Еден месец пред оваа истрага здравството го застресе приведувањето на  на четири службеници на британскиот производител на лекови GlaksoSmitKlajn, под сонмение дека им плаќале мито на лекарите и болниците. Полицијата соопшти дека вработените во британската компанија им плаќале на лекарите, болниците, болничките управи итн да ги користат нивните лекови.

Слична афера во чие средиште беше компанијата Fajzer е откриена минатата година, а еден нејзин крак стигна и до Балканот. Во август 2012 година Комисијата за хартии од вредност и берзата на САД соопштија дека ограноците на Fajzer во странство ги подмитувале лекарите во Кина, Италија, Хрватска и Русија, како и во други земји од Источна Европа, меѓу кои и Србија, а митото го покривале како службен трошок-за патување, забава или маркетинг.

Американската администрација утврди дека Fajzer и ќерката фирма Vajet платиле милиони долари за мито за да добијат работа и да ја зголемат продажбата на своите лекови во земјите од Источна Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top