БДП во вториот квартал пораснал за 3,9%, годината, објави државната статистика. Изнесува 2 милијарди и 16 милиони евра. И натаму локомотива на економијата е градежништвото, чиј што раст е над 33%. По него следат сообраќајот, складирање и врски, рудаството, преработувачктата индистрија и снабдувањето со електрична енероија, гас и вода.
Финалната потрошувачка на домаќинствата , која учествува со 76% во структурта на бруто домашниот производ исто така бележи номинален пораст од 3,5 отсто. А расте и извозот и увозот на стоки.
Откако лани економијата заврши во негатива, првите значи на опоравување се почуствуваа уште првиот квартал. За првите три месеци забележан е раст на БДП од 2,9. Новите бројки кои денеска ги објави статитстиката, влеваат оптимизам дека прокециите за раст на економијата од 2 % .до крајот на годината ќе бидат остварени или можеби и натфрлени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.