| четврток, 6 декември 2018 |

„Војаџер“ излезе од Сончевиот систем (Видео)

Vojadzer„Војаџер 1“ ја помина границата и е првото вселенско летало кое излегно надвор од Сончевиот систем, соопшти НАСА. Сега почнува истражувањето на галаксијата во делот каде нашето сонце нема влијание.

Војаџер е лансиран во 1977 и носи златна плочка со поздрав во вселенците напишан на 55 јазици. Истата година е лансиран и Војаџер 2, кој е на пат да го напушти сончевиот систем но во друга насока. Двете летала работат на погон на споро распаѓање на радиоактивен плутониум, кој Војаџер 1 ќе го потроши до 2020, а потполно без енергија ќе остане во 2025 година.

Всушност, никој не знае што точно е граница на Сончевиот систем и научниците не се сигурни што има на 18 милијарди километри од земјата, но како доказ се зема тоа што Војаџер престана да детектира соларни честички.

-Ова е пресвртница и почеток на ново патување, вели Едвард Стоун, научник на проектот Војаџер.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top