| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската еко­но­ми­ја­ на до­бар пат, индустриското производство со раст од 3,9 % споредено со лани

ekonomija

 

Ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја за­креп­ну­ва. Пос­лед­ни­те по­да­то­ци вле­ва­ат оп­ти­ми­зам де­ка до кра­јот на го­ди­на­ва еко­но­ми­ја­та ќе рас­те за­си­ле­но. По­да­то­ци­те на др­жав­на­та ста­ти­сти­ка по­ка­жу­ва­ат де­ка во пр­ви­те се­дум ме­се­ци ин­ду­стри­ја­та по­рас­на­ла за 2,2 про­цен­та во од­нос на исти­от пер­и­од од ми­на­та­та го­ди­на. Са­мо во ју­ли го­ди­на­ва, спо­ре­де­но со ју­ли ми­на­та­та го­ди­на, ин­ду­стри­ско­то про­из­водс­тво бе­ле­жи раст од 3,9 про­цен­ти. Спо­ред по­да­то­ци­те, гла­вен дви­га­тел е пре­ра­бо­ту­вач­ка­та ин­ду­стри­ја, ка­де што е за­бе­ле­жан раст од 7,3 про­цен­ти, а до­де­ка кај ру­дарс­тво­то и ва­де­ње ка­мен рас­тот е 3,3 про­цен­ти. Пад од 15,5 про­цен­ти има кај снаб­ду­ва­ње со еле­ктрич­на енер­ги­ја, гас и па­реа.

7,3% пре­ра­бо­ту­вач­ка ин­ду­стри­ја

3,3%  ру­дарс­тво и ва­де­ње ка­мен

-15,5% снаб­ду­ва­ње со еле­ктрич­на енер­ги­ја, гас и па­реа

Ра­стот на ин­ду­стри­ско­то про­из­водс­тво е по­зи­ти­вен сиг­нал, сме­та­ат биз­нис­ме­ни­те. Спо­ред биз­нис-за­ед­ни­ца­та, се­кој раст на ин­ду­стри­ско­то про­из­водс­тво е до­бар сиг­нал за еко­но­ми­ја­та. Од Сто­пан­ска­та ко­мо­ра ве­лат де­ка про­ек­ци­и­те за 2013 го­ди­на ќе би­дат ос­тва­ре­ни, а по­зи­тив­ни­те еко­ном­ски дви­же­ња ќе про­дол­жат и во вто­ра­та по­ло­ви­на од го­ди­на­та.

– По­твр­да за ова се по­да­то­ци­те за рас­тот на ин­ду­стри­ско­то про­из­водс­тво, рас­тот на бро­јот на ра­бот­ни­ци­те во ин­ду­стри­ја­та, зго­ле­ме­ни­от обем на ра­бо­та во гра­деж­ниш­тво­то и рас­тот во ту­риз­мот. Ри­зи­ци­те што по­сто­јат мо­же да се ели­ми­ни­ра­ат са­мо пре­ку мо­дер­ни­за­ци­ја на по­стој­ни­те и пот­тик­ну­ва­ње ин­ве­сти­ции во но­ви ка­па­ци­те­ти – ве­ли Стој­мир­ка Та­сев­ска од Сто­пан­ска­та ко­мо­ра.

И од Со­ју­зот на сто­пан­ски­те ко­мо­ри ве­лат де­ка се оп­ти­ми­сти за вто­ри­от квар­тал од го­ди­на­та. От­та­му оче­ку­ва­ат де­ка го­ди­на­ва ќе за­вр­ши со раст на БДП ме­ѓу 2 и 3 про­цен­ти до­кол­ку рас­тот на ин­ду­стри­ско­то про­дол­жи со исто тем­по.

– Ка­ко што ве­ќе прог­но­зи­рав­ме во Со­ју­зот на сто­пан­ски­те ко­мо­ри, оп­ти­ми­сти сме за вто­ри­от квар­тал од го­ди­на­ва и очиг­лед­но из­ле­гов­ме од ре­це­си­ја­та. Нај­до­бар по­ка­за­тел за тоа е рас­тот на ин­ду­стри­ско­то про­из­водс­тво. До кра­јот на го­ди­на­та оче­ку­ва­ме и БДП да по­рас­не ме­ѓу два и три про­цен­ти. Ако про­дол­жи ва­ка, на­ши­от оп­ти­ми­зам ќе би­де оправ­дан – ве­ли Мир­че Че­кре­џи од Со­ју­зот на сто­пан­ски­те ко­мо­ри.

Спо­ред сто­панс­тве­ни­ци­те, друг по­ка­за­тел е тоа што пос­ле дол­го вре­ме и европ­ска­та еко­но­ми­ја по­ка­жу­ва по­зи­тив­ни ре­зул­та­ти, и тоа, се­ка­ко, ќе има вли­ја­ние врз ма­ке­дон­ско­то сто­панс­тво.

И Вла­да­та е охра­бре­на од рас­тот на ин­ду­стри­ско­то про­из­водс­тво.

– Тоа се по­зи­тив­ни по­да­то­ци и дви­же­ња, и ка­ко Вла­да ќе про­дол­жи­ме да пра­ви­ме сè што е во на­ша моќ за да прив­ле­че­ме што по­ве­ќе до­маш­ни и стран­ски ин­ве­сти­ции. Тоа е мож­но со по­ве­ќе актив­но­сти во кре­и­ра­ње­то по­вол­на биз­нис-кли­ма пре­ку ме­ну­ва­ње и спро­ве­ду­ва­ње за­ко­ни кои се во ин­те­рес на биз­ни­сот, со про­мо­ци­ја на зем­ја­та пред стран­ски­те ин­ве­сти­то­ри, ка­ко и со ре­ша­ва­ње на мно­гу­те проб­ле­ми на биз­нис­ме­ни­те, актив­ност што пред­ви­ду­ва по­сто­ја­на ко­му­ни­ка­ци­ја ме­ѓу Вла­да­та и ком­па­ни­и­те. Тоа е она што пред­ви­ду­ва по­сто­јан на­пре­док – из­ја­ви пре­ми­е­рот Гру­ев­ски.

Спо­ред не­го, до­бро е што ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја бе­ле­жи по­зи­тив­ни дви­же­ња во вре­ме ко­га во зем­ји­те од Европ­ска­та уни­ја сè уште ги чув­ству­ва­ат пос­ле­ди­ци­те од кри­за­та.

– По­себ­но ми е дра­го тоа што Ма­ке­до­ни­ја поч­ну­ва да има по­зи­тив­ни дви­же­ња во вре­ме ко­га сè уште Европ­ска­та уни­ја е во се­ри­оз­на кри­за. Тоа не зна­чи де­ка таа не се чув­ству­ва кај нас, ме­ѓу­тоа поч­ну­ва­ат одре­де­ни по­зи­тив­ни дви­же­ња кои нè охра­бру­ва­ат да про­дол­жи­ме со на­ши­те актив­но­сти за тие да се за­јак­нат и во ид­ни­на – истак­на Гру­ев­ски.

 

Оп­ти­ми­зам и кај НБРМ

И На­род­на­та бан­ка во квар­тал­ни­от из­ве­штај из­ле­зе со оп­ти­ми­стич­ки прог­но­зи за еко­но­ми­ја­та.

„До­маш­ни­от бру­то-про­из­вод во пр­во­то три­ме­сеч­је ос­тва­ри раст од 2,9 про­цен­ти, а ос­тва­ру­ва­ња­та за вто­ри­от квар­тал упа­ту­ва­ат на за­др­жу­ва­ње на еко­но­ми­ја­та во зо­на­та на со­ли­ден го­ди­шен раст во сог­лас­ност со про­е­кти­ра­но­то. Во пер­и­о­дот од април­ски­те про­ек­ции до­се­га, клуч­ни­те ма­кро­е­ко­ном­ски па­ра­ме­три во до­маш­на­та еко­но­ми­ја, глав­но, се дви­жеа во сог­лас­ност со оче­ку­ва­ња­та. Ос­тва­ре­ни­от раст е мал­ку по­си­лен од оче­ку­ва­ни­от во април­ска­та про­ек­ци­ја, одра­зу­вај­ќи ги по­до­бри­те ос­тва­ру­ва­ња кај ин­ве­сти­ци­ска­та по­ба­ру­вач­ка и по­сил­ни­от по­зи­ти­вен при­до­нес на не­то-из­во­зот. Во те­кот на вто­ри­от квар­тал бе­ше ос­тва­ре­на го­диш­на стап­ка на инф­ла­ци­ја од 3,6 про­цен­ти, што е во сог­лас­ност со оче­ку­ва­ња­та. Од ас­пект на ри­зи­ци­те за инф­ла­ци­ја­та, тие за­се­га се оце­ну­ва­ат ка­ко урам­но­те­же­ни, а април­ски­те оцен­ки ка­ко со­од­вет­ни“, стои во квар­тал­ни­от из­ве­штај на НБРМ.

Раст на ин­ду­стри­ја­та во ЕУ

Во ју­ни ин­ду­стри­ско­то про­из­водс­тво во евро­зо­на­та по­рас­на за 0,7, а во ЕУ за 0,9 от­сто, по­ка­жаа по­да­то­ци­те на Евро­стат. Во прет­ход­ни­от ме­сец, пак, бе­ше ре­ги­стри­ран пад од 0,2 про­цен­ти во евро­зо­на­та, од­нос­но 0,4 про­цен­ти во ЕУ.

Во ју­ни најм­но­гу се зго­ле­ми про­из­водс­тво­то на трај­ни по­тро­шу­вач­ки до­бра, за 4,9 про­цен­ти во евро­зо­на­та, од­нос­но за 4,2 про­цен­ти во ЕУ. Нај­го­лем пад е за­бе­ле­жан во сег­мен­тот про­из­водс­тво на енер­ги­ја, за 1,6 про­цент во евро­зо­на­та и 1,3 про­цент во ЕУ.

Ме­ѓу од­дел­ни др­жа­ви-член­ки, нај­го­лем раст ос­тва­ри­ја Ир­ска (8,7%), Ро­ма­ни­ја (5,7%), Пол­ска (3,1%), Гер­ма­ни­ја и Гр­ци­ја (со по 2,5%). Нај­го­лем пад бе­ше за­бе­ле­жан во Хо­лан­ди­ја (4,1%), Пор­ту­га­ли­ја (2,8%) и во Фран­ци­ја (1,5%).

Ир­ска 8,7%

Ро­ма­ни­ја 5,7%

Пол­ска 3,1%

Гер­ма­ни­ја 2,5%%

Гр­ци­ја 2,5 %

На го­диш­но ни­во, ин­ду­стри­ско­то про­из­водс­тво во евро­зо­на­та по­рас­на за 0,3 про­цен­ти, а во ЕУ за 0,4 от­сто, стои во по­да­то­ци­те на Евро­стат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top