| четврток, 6 декември 2018 |

Oдземени 35 тона неквалитетно ѓубриво

niva35 тона вештачко ѓубриво произведено од “Азохем” се запленети во Куманово, бидејќи лабараториски анализи на Државниот инспекторат утврдил дека не соодвествува со пропишаната декларација и дека не ги задоволува пропишаните стандарди.

– Мостри покажуваат остапки од 50 до 70 отсто од квалитативните својства и од она што е декларирано. По правилникот е дозволено остапување од 1,5 отсто од декларираните својства. Во конкретниов случај, станува збор за “НПК ѓубриво”, декларирано е со три петнаестки, велат од Државниот инспекторат за земјоделство.

Земјоделците кои поседуваат фискална сметка дека купиле ѓубриво може да побараат оштета од команиите увозници.

Вештачкото ѓубриво согласно законските прописи ќе биде предадено на Агенцијата за одземен имот.

На увозниците на ѓубривото од Суботица им се изречени казнени мерки во висина од 15.400 евра. За главниот увозник, Инспекторатот ќе побара забрана за вршење дејност, а за случајот ќе ги известат и органите на Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top