Двајца малолетници биле нападнати од поголема група насилници во автобусот 65-ка.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера во 13.15 часот, во автобусот 65-ка на ЈПС додека се движел низ скопското село Сингелиќ,неколку непознати насилнци без причина го нападнале 16-годишниот П.С. од село Стајковци.
Петнаесет минути подоцна, во населбата Ченто, во 65-ка е нападнат и 16-годишниот К.Г. од Скопје од група силеџии кои му нанеле телесни повреди.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



