Организаторите на изборната кампања од 19 февруари ќе може да доставуваат барања до Град Скопје за користење паноа за бесплатно изборно рекламирање.
Барањата ќе се примаат најдоцна до 4 март до 12 часот, денот кој е определен за почеток на изборната кампања.
Редоследот на истакнување на изборните плакати ќе се определи со жрепка, а жребањето ќе се изврши на 4 март во 13 часот.
Согласно законската обврска и Одлуката за условите за добивање право за користење место за истакнување на изборни плакати, Градот Скопје поставува паноа за бесплатно изборно рекламирање на посебно определени локации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


