Обидувајќи се да ја слика, фотографот Карл Ву со полна брзина се удри во оскаровката. Таа пак, обидувајќи се да побегне, падна пред влезот на еден њујоршки хотел.

Обезбедувањето на хотелот веднаш побрзало да ѝ помогне и да ја одбрани од фотографите, но папараците добро се нагостија.

Никол оваа недела беше гостинка на модната недела во Њујорк, каде што се претставувала новата колекција на Келвин Клајн, а несреќата ѝ се случила кога се враќала во хотел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


