| четврток, 6 декември 2018 |

Кинезите ќе пијат македонско вино

Вината на пет македонски винарии се презентираат на саемот кој од петокот се отвори во шест милионскиот Хефеи, главен град на кинеската провинција Анхуи.

Саемот преставува одлична можност за промоција на вината на Тиквеш, Сковин, Далвина, Дудин и Еземит на 80 милионскиот пазар на оваа кинеска провинција, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во насока на поддршка на пласманот на македонските вина на големиот кинески пазар, како дел од осмиот Форум за трговска и економска соработка во земјоделството помеѓу Кина и земјите на централна и источна Европа, македонската страна предводена од државниот советник во Министервото за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски оствари повеќе корисни средби.

Превземање на нови инцијативи за понатамошно продлабочување на соработката и подобрување на маркетингот на нашето вино на кинескиот пазар беше договорено на средбите со помошник министерот на кинеското министерство за земјоделство Нуи Дун, гувернерот на провинцијата Анхуи, Ванг Ксуејун и генералниот секретар на кинеската асоцијација на увозници и извозници на вино CAWS, господинот Ванг Ксувеи.

Активностите на овој саем се втора од трите планирани манифестации за 2013 година кои се  предвидени во програмата на Владата и ресорното минситерство за организирано преставување на македонските вина на перспективниот кинески пазар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top