| четврток, 6 декември 2018 |

Терористички напад на американски конзулат во Авганистан, најмалку тројца загинати

herat konuzulat

Во терористичкиот напад на талибанските борци врз конзулатот на САД во Херат, главниот град на истоимената западна авганистанска провинција, загинаа најмалку три лица.

ечиси десет лица се ранети во нападот, соопштија британските медиуми.

-Никој не е повреден од американскиот персонал на конзулатот, изјави портпаролот на амбасадата на САД во Кабул.

Полициски извори од Херат изјавуваат дека се убиени двајца полицајци и телохранител, а двајца Авганистанци од персоналот на конзулатот се ранети.

Стејт департментот на САД соопшти дека камион со напаѓачите запрел пред портата на конзулатот, каде се отворила престрелка меѓу нив и обезбедувањето. Подоцна камионот бил кренат во воздух.

Шефот на полицијата во Херат прецизира дека четворица напаѓачи се убиени за време на нападот. Загинал и атентаторот самоубиец од камионот.

-Еден час по нападот ситуацијата веќе беше под контрола, изјави портпаролот на американската амбасада.

Подоцна талибанците по електронска пошта лиферуваа порака до медиумите, во која се наведува дека „целта ни беше на Американците да им покажеме дека не се безбедни никаде во нашата земја“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top