Легендарниот кошаркарски тренер, Богдан Боша Тањевиќ си поднесе оставка и не е повеќе селектор на Турција по неуспешниот настап на Евробаскетот во Словенија. Турците имаат моќен состав со неколку НБА играчи, но комплетно разочараа со само една победа во 5 натпревари.
„Очигледно е дека погрешив. Повеќе се подготвувавме за втората фаза од шампионатот и за четвртфиналето, а заборавивме дека прво треба да ја минеме групата. Мислев дека тоа ќе го сториме без проблем, а ппланот беше да бидеме најдобри во завршницата, но идеата не се оствари и јас си заминувам“, изјави Тањевиќ.
Турците допатуваа во Словенија како фаворити за медал, предводени од НБА кошаркарите, Ерсан Илјасова од Милвоки бакс, Омер Ашик од Хјустон рокитс и Хедо Туркоглу од Орландо меџик, но си заминаа дома уште по првиот круг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


