| четврток, 6 декември 2018 |

Девојчиња препознале педофил – напаѓач

Две девојчиња го препознале напаѓачот на фотографии во скопската полиција. Тој ги влечел за рака и ги допирал. Скопјанец е приведен

Според МВР се работи за 28-годишниот И.Г. од Скопје, за кого скопското јавно обвинителство поднесе кривични пријави за сторени дела обид за полов напад врз малолетник што не навршил 14 години, обид за силување и загрозување со опасно орудие при тепачка или караница. Тој во ноември мината година и овој месец нападнал две девојчиња, на 10 и на 11-годишна возраст. Истражен судија му одреди мерка притвор од 30 дена.

Тој на втори ноември на улицата Максим Горски во близина на плоштадот Македонија околу шест часот попладнето пресретнал и застанал единаесетгодишно девојче од Скопје. Го фатил за раката сакајќи да го однесе во темнината во блиската зграда на вториот кат. Девојчето се спротистваувало и во еден момент успеало да избега. Истрчало од местото и брзо побарало помош во блиската туристичка агенција, каде што му рекло на вработениот да се јави на татко му. Пријавениот влегол во објектот и кога видел дека детето објаснува, му се обратил на вработениот дека ништо лошо не направил, туку само побарал детето да му покаже некоја зграда во близина, по што си заминал. Таткото на детето настанот го пријавил в полиција и притоа детето извршило препознавање по фотографии и го препознало И.Г. како сторител на кривичното дело.

На 21 овој месец, И.Г. кај паркот на улицата Никола Парапунов, пред зградата број два, пресретнал десетгодишно девојче. Глумејќи дека сака да знае кај е зградата број девет, тој го фатил девојчето за рака и под мишка со намера да го внесе во зградата. Девојчето му се опирало и го молело да гопушти, по што И.Г. му рекол дека е извалкано на панталоните и почнал да го допира за бутините со движење како да го чисти и трие, му ги соблекол панталоните и почнал да го допира, но во еден момент девојчето успеало да му се отргне и да  избега дома каде што се сокрило во својата соба, а потоа за настанот раскажало на  својата мајка. Настанот е пријавен од неговиот татко. На препознавање од фотодокументацијата и таа го препознала И.Г. како извршител на кривичното дело.

Полиција расчистува дали има и други вакви кривични дела за кои постои сомнеж дека се извршени од пријавениот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top