| четврток, 6 декември 2018 |

УЈП ги „збриша“ гевгеличани – денеска затворени 40 дуќани

40-ина затворени дуќани со ознака: „Затворено од УЈП“ e денешната слика во Гевгелија. Десетина возила со ознака „Управа за јавни приходи“, заедно со побројна екипа инспектори, денес извршија повеќечасовна контрола на тамошните правни субјекти.

Предмет на инспекција се фискалните апарати, паричниот промет, деловодните книги, а за секое несоодветно работење спротивно на пропишаните законски норми за трговско и фискално евидентирање на паричниот промет, изречени се казни од 3.250 евра.

Извор и повеќе фотографии на А1Он

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top