| четврток, 6 декември 2018 |

Грција: Нов рекорд на невработеност 27,9 проценти

grcija

Невработеноста во Грција достигна рекордни 27,9 отсто во јуни месец, соопшти денеска националниот завод за статистика ЕЛСТАТ.

Невработеноста меѓу младите до 25 години порасна на 58,8 проценти.

Тоа е значителен раст во однос на минатогодишните 24,6 проценти, додека во јуни 2008 година, пред појавувањето на глобалната финансиска криза која предизвика рецесија во Грција, стапката на невработеност во оваа земја изнесуваше 7,3 проценти, пренесува агенцијата АП.

Според најновите податоци, во Грција се невработени околу 1,4 милиони лица

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top