| четврток, 6 декември 2018 |

Претстојниот викенд авионско прскање против комарци во Скопје

komarciprskanje

Во Скопје претстојниов викенд и наредната недела ќе биде извршена петата и последна за годинава аеросолна и терестричната дезинсекција против комарци.

Град Скопје инмформира дека авионското прскањето против комарци ќе се одвива в сабота и недела во период од 05:30 до 08:00 часот.

Терестричната аеросолна дезинсекција, пак, ќе биде од 16 до 20 септември во периодот од 01:00 до 05:00 часот.

Доколку временските услови не се поволни, авионската дезинсекцијата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден.

Град Скопје апелира пчеларите навремено да преземат потребни мерки за заштита на пчелите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top