Вицепремиерката и министерка за трговија и индустрија на Косово, Мимоза Кусари-Лила, негативно одговори на поканата на македонскиот вицепремиер Владимир Пешевски за заеднички телевизиски настап на кој би се изнеле аргументите околу настаните со граничната блокада.
Пешевски преку писмено соопштение ги инфомираше македонските медиуми за негативниот одговор на Кусари, која наместо тоа повикала на директен дијалог, на што македонскиот вицепремиер инсистирал минатата недела, пред да бидат воведени мерките од страна на Македонија, но не добил одговор.
„Точно е дека решението е можно само во директни разговори, нешто што повторно го нагласив во меѓусебната размена на пораки со вицепремиерката Кусари уште минатата недела, но исто сметам дека граѓаните на двете држави треба да знаат дека во ниту еден момент Македонија не посакуваше ваков развој на настаните“, вели Пешевски.
Тој и натаму смета дека заеднички настап ќе ги отстрани можностите за различни толкувања на оваа ситуација и причините поради која таа настана, и ќе спречи, како што вели, да се создаде лузна во добрососедските односи на двете држави.
„За таа цел јас сум и понатаму спремен да прифатам јавна дебата на оваа тема со било кој член на Владата на Република Косово“, порача Пешевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пешевски: Партиите мора да разговараат за доброто на оваа земја и за доброто на овој народ
-
Енергетските реформи клучни за развојот на Западен Балкан
-
Пешевски: Да продолжиме по патот на успехот и економски развој, гласот за ВМРО-ДПМНЕ е вистински избор
-
Пешевски се сретна со бизнисмените од Пехчево и Берово