| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија со четворица спортисти на Defolimpiks

По петти пат нашата земја ќе биде застапена на најголемиот светски собир на глувите спортисти

Успехот на Оливера Наковска Бикова на Параолилмијадата во Лондон и нејзиното синоќешо промовирање во спортист на Македонија  за 2012-тата го насочува нашето внимание кон спортистите со хендикеп. Нова таква акција е во тек. Еден атлетичар, еден пливач и двајца во бадминтон ќе не претставуваат на 22-те Летни олимписки игри за глуви спортисти во Софија, следното лето. Со ова Македонија покажува грижа за сите делови од нашиот спорт, а во истовреме, се надева и на нови добри резултати на талентите без оглед на нивниот хендикеп.

Тројца од четворицата што ќе бидат наши репрезенати во Софија од 27 јулуи до 4 август се дел од програмата за стипендирање на АМС.

Го следиме нивниот напредок и достигнувања, и задоволни сме од ентузијазмот и упорноста на тренинзите и напреварите. Потребно е само сите да се вклучат во помагање на овие млади таленти-рече директор на АМС, Лaзар Поповски на денешната прес средба.

Подготовките на Андреј Сојановски, Јасин Алими, Горазд Анастасов и Гордана Стаматовска се во тек и поради опсежноста бараат помош од сите можни структури во државата и од бизнис секторот. Нашите глуви спортисти одат на Defolimpiks , но со добра работа, од нив во иднина може да се очекува и настап на вистинските Олимписки игри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top