Црвени пиперки, модри патлиџан, домати, карфиол… се што ви е потребно за вашата зимница… Дивите пазарџии се распослаа низ градот. Камиони се наредени покрај самиот пат кој води кон скопско Кале во близнина на базенот Плаја Виста. Загрозена е безбедноста на купувачите, на учесниците во сообраќајот.
Од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) велат дека се запознаени со ваквите дивни пазарџии и дека секојдневно реагираат на секој повик кој ќе го добијат од граѓаните.
– Дежурни екипи постојано се на терен. Имаме акции за отстранување на дивите пазарџии кои ги има цело лето. Свесни дека го загрозуваат сообраќајот и се изложуваат на ризик, тие постојано се движат од едно до друго место. Кога ќе ги избркаме од едно место, се селат на друго – велат од ДПИ.
Фото: Игор Ангеловски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.








