| четврток, 6 декември 2018 |

Цената на нафтата падна под 112 долари за барел

NAFTA

Цената на суровата нафта на берзите се стабилизраше под 112 долари за барел, откако попушти загриженоста поврзана со можниот напад на Сирија.
Цената на барел нафта од типот „брент“ во Лондон вчера порасна за 39 центи и достигна 111,64 долари. На американската берза се тргуваше по непроменета цена за барел сурова нафта од 107,23 долари.
Американскиот претседател Барак Обама во вторникот вети дека ќе ја истражи можноста која ја отвора иницијативата на Русија да се неутрализира сириското хемиско оружје, но изрази скепса и побара поддршка за употребата на сила доколку дипломатските напори не вродат со плод.
Минатиот месец премијата на ризик од војна во Сирија ја зголеми разликата во цените на лондонската и американската берза на пет долари, зголемувајќи ја цената на берзата во Лондон на 117 долари за барел.
Во меѓувреме, цените повторно се спуштија на ниво од пред заострување на кризата околу Сирија, а аналитичарите проценуваат дека има простор за продолжување на надолниот тренд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top