| четврток, 6 декември 2018 |

Атина останува на своето – сложено име со географска одредница, а не политички термин

-Следниот состанок во врска со прашањето за името најверојатно ќе се одржи последната седмица од септември во Њујорк – изјaви грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос и додаде:

– Со оглед на тоа што многу интензивно и лично учествував во процесот кој доведе до изготвување на Времената спогодба, знам колку е важно да постои референтна рамка, и ја изразив почитта на Грција за напорите на генералниот секретар и на Нимиц. Важно е важно процесот на преговори да продолжи.

Тој изрази уверување дека „грчката позиција, како што е формулирана, ужива широк национален консензус, и повтори дека Атина е за сложено име со географска одредница што се однесува на географскиот поим на името, а не на политичкиот термин“. Венизелос уште еднаш кажа дека Грција е само за ерга омнес решение.

– Мислем дека јаснотијата со која одговоривме и ги кажавме нашите позиции, како и анализите кои ги спроведовме со Нимиц, многу ќе помогнат во преговорите со Скопје и подоцна, на нашите состаноци за ова прашање, рече Венизелос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top