| четврток, 6 декември 2018 |

Во Оризари не сакаат македонски пејачи – никој не им дошол на настап, па си заминале

Во кочанско Оризари, по повод одбележвањето на празниците, викендот на 7 и на 8 септември за првпат била подготвена богата програма со македонски изведувачи. Меѓутоа, не само што немало доволно публика, туку сцената на која требало да настапат не прилегала на современа сцена.

Па така, најавените Александар Белов, Александар Тарабунов, групите „Черкези“ и „Енигма“, не настапиле, додека, пак, Сузана Спасовска и Миле Кузмановски навреме го откажале својот настап и воопшто не ни дошле, пренесува телевизијата „Канал 8“.

orizari

Фестивалот почнал во петокот, кога пред малобројната публика пеел Слаткар со „Токсикологија“ и со други познати диџеи.

Во саботата групата „Черкези“, Ацо и весела дружина, Белов, Тарабунов и „Енигма“, чекајќи да се наполни публика си заминале без да испеат ниту една песна.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top