| четврток, 6 декември 2018 |

(ФОТО) Македонците во Австралија прославуваат

Повеќе од 2500 Македонци се собрале во неделата во градот Рокдејл во Австралија  во чест на денот на независноста на Република Македонија.

Во написот што го пренесува интернет весникот Лидер се вели дека во таа чест се вееле македонски знамиња и се играле традиционални македонски ора.

Според советникот во локалниот совет на општината Рокдејл настанот ги надминал сите очекувања. За таа намена Кралската Улица била именувана во Македонски плоштад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top