| четврток, 6 декември 2018 |

30 мртви во експлозија на автомобил-бомба во Багдад

bagdatАвтомобил експлодирал пред шиитска џамија во ирачката престолнина Багдад при што загинале најмалку 30 луѓе а уште 55 други се ранети, соопштија полициски и болнички извори.

 Експлозијата се случила деенска во квартот Касра во северозападниот дел од Багдад. Засега никој не ја преземал одговорноста за нападот, но познато е дека сунитските милитанти кои се блиски до глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, кои шиитите ги сметаат за неверници, речиси секојдневно ги напаѓаат припадниците на шиитското мнозинство.

Според податоците на канцеларијата на Обединетите нации во Ирак, во сличните меѓусекташки напади во 2013 година убиени се повеќе од пет илјади луѓе.

Ирак минува низ еден од најсмртоносните бранови насилства во последните пет години. Повеќе од илјада луѓе беа убиени во нападите во јули, кој е најсмртоносниот месец од 2008 година. Според податоците на властите во Ирак, од почетокот на 2013 година, загинаа повеќе од 4.400 луѓе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top