Српското министерство за здравство ги зајакна контролите во породувалиштата заради се позачестените приказни за крадење на бебиња. Министерката Дејановиќ вели дека ова не е единствена одлука.
-Сите треба да си ја работат работата, вклучително и истражните органи и судството.
Здружението на родителите на исчезнатите бебиња почнаа иницијатива за закон за санкционирање на одговорните за крадење на новороденчињата од болниците. Бараат ниедно починато бебе да не се изнесува од болниците додека не се идентификува на база на ДНК анализа.
-Проблемот со трговијата со децане е шпроблем само на Србија туку на светот, но ниедна земја нема закон за украдените бебиња. Провблемот е што информациите поаѓаат само од исповедите на семејствата, па затоа бараме закон со кој сите документи би биле достапни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.