| четврток, 6 декември 2018 |

Србија подобра од Белгија, „орлите“ на чекор до четвртфиналето

Репрезентацијата на Србија ја победи Белгија со 76-69 и има максимални 6 бода во новоформираната Е група од втората фаза на европското првенство во Словенија. За да обезбедат сигурен пласман во четвртфиналето на популарните „орли“ им треба само уште една победа во следните два дуели со Франција и Украина.

Искусниот центар Ненад Крстиќ со 17 поени ги предводеше Србите до нов успешен настап на шампионатот, а пријатно изненади Стефан Марковиќ, со 15 поени и одлична партија. Со двоцифрен број на поени, 12 натпераврот го заврши Богдан Богдановиќ.

Белгија изненади со добра игра, а аутсајдерот го намачи фаворитот и докрај се бореше за победа. Мукубу со 16 поени беше лидер на Белгијците, а по 12 поени забележаа Бегин и Ван Росом. Оваа селекција нема бодови и ќе има тешка задача да направи подвиг и да се протне во четвртфиналето.

Вечерва од 21 часот, Франција ќе игра со Литванија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top