| четврток, 6 декември 2018 |

Летонците во НБА стил ја декласираа Украина со 34 поени разлика

Летонците одиграа брилијантен меч на отворањето на втората фаза на ЕП во Словенија и со 34 поени разлика ја декласираа Украина. Избраниците на Мајк Фратело немаа одговор за расположените Летонци и доживеаја вистински дебакл од 51-85.

Јаниченокс и Куксикс со вкупно 27 поени беа лидери на селекцијата што победи и ги прокнижи првите два бода во Е групата. Мејерс постигна 11 поени, а дури 11 кошаркари во составот на Летонците се запишаа во листата на стрелците. Оваа селекција се га се израмни со Украина и драстично си ги подеобри шансите за пласман во четвртфиналето. Украинците направија чекор назад во обидот да се најдат меѓу осумтте најдобри селекции на стариот континент.

Гладир во поразениот состав беше единствен со двоцифрен учинок во поени и постигна 12.

Од 17,45 ќе играат Србија и Белгија, а за вечерва од 21 часот закажано е дербито од првата рунда во Е групата меѓу Франција и Литванија.

Утре во истите термини ќе се игра пермиерното коло од Ф групата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top