Медијаторот Нимиц денеска во Скопје пристигна со тешка задача, да не каже дека Грција го одбиле неговиот последен предлог а да го остави во живот процесот на преговори.
Всушност Нимиц во Атина од грчката страна добил контрапредлог „Република Горна Македонија – Erga Omnes“ која според грците треба да важи и за внатре во Македонија.
Практично Грците од него побарале да се менува македонскиот устав и личните документи на сите граѓани а името Република Македонија целосно да се избрише од сите документи во приватна и државна употреба.
Според изворите на „Република“ во грчката дипломатија грчката страна не сакала да зборува за идентитетскиот корпус прашања кој што би бил тема на разговор дури откако Македонија ќе се согласи со нивната последна позиција.
А таа освен што е нелогична и вон сите правила на меѓународното право и дипломатија значи и директно мешање во внатрешните работи на соседите, нешто што Грција се обврза да не го прави со времената спогодба.
Целта на контрапредлогот на Самарас според грчките извори е Македонија да биде таа која што ќе го одбие овој предлог за да прекине серијата грчки одбивања на предлозите на Нимиц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


