Грчката железница ОСЕ има план да ја врати меѓународната патничка линија Солун – Скопје, како дел од наново воспоставување на трите згаснати линии.
Првиот човек на железницата, Атанасиос Зилиаскопулос, на прес-конференцијата на ОСЕ во рамки на меѓународниот саем во Солун најави дека се работи на тоа во текот на следната година да бидат вратени трите меѓународни линии од Солун кон Македонија и Србија и кон Бугарија и Турција. ОСЕ ги укина Меѓународните возови од Грција во почетокот на 2011 поради големи финансиски проблеми и неодржливост на линиите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


