| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) „Ве ограбив пред 11 години, еве ви ги парите“, зависник се раздолжува со ограбените

vracam-vam-400-dolara-koje-sam-vam-ukrao-prije-11-godina-504x335-20130936-20130910213719-f51c3112e315b839a1b2c7634ecf7514Анонимен крадец по цели 11 години одлучил да се извини за чинот и да побара прошка, па им напишал писмо на вработените во продавницата во Нешвил, САД. Притоа додал и 300 долари, онолку колку што украл.

-Јас сум зависник. Пред 11 или 12 години ве ограбив со пиштол. Веќе не се дрогирам и чувствувам дека треба да се оддолжам на луѓето кои сум ги повредувал. Кај вас дојдов барајќи пиво и цигари, но кога ја отворивте касата, го извадив пиштолот, ви земав 300 долари и побегнав со бел автомобил. Се надевам дека ќе ги прифатите парите и дека ќе ми простите, пишува во писмото.

Ова писмо ги изненадило сите вработени, а сопствениците го објавија како пост на Инстаграм и на Твитер, а медиумите веднаш ја пренесоа оваа вест.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top