Организаторите на „Белград Прајд“ соопштија дека одржувањето на геј- парадата на 28 месецов е под знак прашање, бидејќи полицијата допрва треба да направи безбедносна проценка. Заради неможност на полицијата да ја гарантира безбедноста на учесниците на парадата на гордоста, лани таа беше забранета. На средбата меѓу организаторите и српското МВР, полицијата не можела да даде јасно уверување дека прошетката нема повторно да биде забранета. Тоа повторно ќе зависи од безбедносната проценка. Од друга страна, организаторите иако ја истакнуваат добрата соработка велат дека за нив е наполно неприфатливо што и покрај одлуката на Уставниот суд и јасната практика од Европскиот суд за човекови права, полицијата смета дека забраната на парадата е опција наместо “јасна превентивна работа на унапредување на безбедноста за време на Белград- Прајд 2013“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот
-
Амнестија за периодот на војната, дел од договорот меѓу Косово и Србија