Пејачката Сања Лефкова денеска отпатува во Дениси, Турција, на фестивалот “Памук кале”. За изгледот на Сања задолжени се модното студио „Bilia“ која креираше облека за пејачката, додека „Русевска дизајн“ ја снабди со накит.
Фестивалот се одржува по прв пат, а Сања е прва гостинка од Македонија.
– Фестивалот трае три дена и предвидено е настап на песни на мајчин јазик и песни на турски. Јас во првите две вечери ќе настапам со мои песни а третата треба да научам турски. Во изборот на турски песни ми помага менаџерот за Македонија, Адил Алуш, кој исто така ќе биде дел од фестивалот, рече Сања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.