| четврток, 6 декември 2018 |

МВР: Директорот на велешкот музеј ги украл тетрадрахмите

tetradrahmi

Полицијата го фатила крадецот на тетрадрахмите во велешкиот музеј. И тоа никој друг, туку директорот на оваа установа.

Во нивното соопштение се вели:

„Секторот за внатрешни работи Велес го реализираше случајот со пријавената “кражба“ во локална установа „Народен Музеј“ – Велес, каде што беше пријавено дека се украдени две сребрени монети т.н. “тетрадрахма“ од времето на Александар Македонски. Притоа до надлежното ОЈО поднесена е кривична пријава против лицето П.К. (46) од Велес, директор во Народниот Музеј Велес, поради основи за сомнение за сторени кривични дела “кражба“ и “злоупотреба на службена положба и овластување“ .

Имено, по примената пријава за кражба извршен е увид на лице место пришто подигнати се отисоци и предмети од местото на настанот. По направените анализи констатирано е дека подигнатите отисоци од лице место се совпаѓаат со провизорните отисоци од сега пријавениот. На ден 05.09.2013 година истиот е повикан во просториите на Секторот за внатрешни работи Велес каде е обавен разговор со него. Од истиот одземени се двете сребрени монети “тетрадрахма“ со ликот на Александар Македонски и со потврда се вратени на овластено лице во Народниот Музеј“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top